Потврдени лошите вести за Милан: За Бенасер заврши сезоната

Играчот на Милан, Исмаел Бенасер ќе мора да паузира неколку месеци откако прегледите покажаа дека ќе мора да прави операција на коленото, а прашање е дали ќе биде подготвен и за почетокот на следната сезона, откако е јасно дека за него оваа сезона е веќе завршена.

Бенасер се повреди на вчерашниот дуел со Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите, и после само дваесетина минути го напушти теренот, а веднаш се стравуваше дека играчот го чека долга пауза.

Алжирецот сега ќе мора на операција, а „Газета“ објавува дека би се вратил на терените после пет месеци односно некаде кон септември. „Росонерите“ се во битка за пласман во Лигата на шампионите, а исто така го чека и реваншот со Интер. По првиот меч има негатива од 2-0.

Се вчитува...