Клуб од Белорусија поради местенки исфрлен од Европа и одземени му се 50 бодови

Белорускиот клуб Шахтјор Солигорск, жестоко е казнет поради наместени натпревари и давање мито на противниците во текот на сезоната 2021/22. Одборот за контрола и дисциплина и етички работи на белорускиот фудбал почна истрага по која е донесена оваа одлука.

Така белорускиот клуб е казнет со 135.000 евра, а доби и огромна казна изречена во бодови. Одземени му се 30 бодови во тековното првенство, и ќе му бидат одземени уште 20 во следното. Клубот остана и без титулата минатата година, а со тоа и исфрлен од Европа.

Неколку играчи, судии и клупски челници добија и финансиски казни и забрани за вршење на должност од 6 месеци до 5 години, зависно од тежината на прекршокот кој им е докажан.

Во таа сезона за овој клуб играше екс играчот на Шкупи, Дембо Дарбо.

Се вчитува...