Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра нова одлична партија во финалето на ВТБ лигата за триумф на Уникс Казањ на гостувањето против Локомотив Кубан од 81-82.
По оваа гостинска победа, Уникс Казањ сега има предност од 2-1 во финалната серија, и тоа пред се благодарение на Димитријевиќ кој покрај тоа што беше најдобар во својот тим, асистираше на шест секунди пред крајот за поени на Маркус Најт и победа од 81-82.
Домашните имаа предност од 81-80, но Димитријевиќ асистираше а Најт погоди на шест секунди пред сирената за конечен триумф.
Димитријевиќ мечот го заврши со 13 постигнати поени, дополнети и со шест асистенции и четири скока, а кај домашните не помогна ниту одличната партија на Џејлен Барфорд од 20 поени и седум скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА