Уапсен репрезентативец на Србија по крвава пресметка во ноќен клуб

Единствениот репрезентативец на Србија од домашната Суперлига на последниот список на Драган Стојковиќ беше голманот на нишки Раднички, Драган Росиќ, кој сега е уапсен и во притвор по крвава тепачка во ноќен клуб.

Росиќ во еден ноќен клуб во Ниш претепал момче нанесувајќи му телесни повреди. Веднаш е уапсен и притворен.

Голманот, висок 195 сантиметри, не бил единствениот кој учествуваше во претепувањето на неименуваното момче, но бил предводник во тепачката, наведува „Телеграф“. Момчето завршило во клиничкиот центар во Ниш, а репрезентативецот на Србија во притвор.

Се вчитува...