Рафаел Леао потпиша нов договор со Милан за плата од пет милиони евра!

Феноменалниот португалски офанзивец Рафаел Леао потпиша нов договор со Милан кој за тимот од „Сан Сиро“ го врзува до јуни 2028 година. Леао доби плата од пет милиони евра, а отштетната клаузула е поставена на 175 милиони евра.

И покрај огромниот интерес од неколку европски гиганти, одличниот 23-годишен крилен офанзивец се одлучи за продолжување на соработката со „росонерите“ под нови подобрени финансиски услови. Потпиша нов петгодишен договор, а ќе заработува пет милиони евра годишно плус бонуси.

Имаше Португалецот и подобри финансиски услови на маса, но се одлучи да остане во Милано затоа што е неприкосновен миленик на навивачите на италијанскиот гигант. Член е на Милан од август 2019 година каде пристигна од Лил за сума од 35 милиони евра.

Се вчитува...