Екипата на Вардар од следната сезона се враќа во друштвото на прволигашите, откако и во вториот меч од полуфиналната серија славеше против Ангели, сега со 73-82.
„Вардарци“ се првата од двете екипи кои ќе ја пополнат листата на 12 учесници во Првата лига-мажи во сезоната 2032/2024.
Вардар патот во Првата лига на вториот меч против Ангели го реши со одличното прво полувреме кое го доби со 23-46. Потоа се беше рутина мечот да се доведе до крај, иако Ангели се заканија со одлична трета четвртина.
Во екипата која е веќе нов член на Првата лига, Бајрам застана на бројката од 25 поени, а Митков заврши со 21 поен, Атанасов имаше 16, а Ивановиќ дополни со уште 12 поени.
Кај Ангели, кои ќе играат за третото место во второлигашката конкуренција (со поразениот од „мајсторката“ ГКК Охрид-Соколи 1933), Арсовски беше стрелец на 24 поени, Аргировски имаше четири помалку, Димитровски додаде 13 поени, а Богатиновски заврши со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА