УЕФА сериозно размислува да го премести од Истанбул финалето во ЛШ

УЕФА веќе сериозно размислува да го премести финалето од Лигата на шампионите од Истанбул, кое е закажано за 10. јуни.

Причина за тоа се претседателските избори во Турција, по кои можни се и нереди во најголемиот турски град. Тоа, тогаш, би била четврта едноподруго сезона во која финалето на ЛШ би се преместувало на друго место од првобитно планираното.

Како што пишува „Дејли мејл“, неодамна УЕФА го контактирала португалскиот сојуз за можноста финалето да биде на стадионот „Луж“ во Лисабон. Одлуката за евентуално преместување ќе биде донесена следната недела.

Тоа би било третпат во последните неколку години финалето од ЛШ да се одржува во Португалија. Во 2020 и во 2021 година требаше да се игра во Истанбул, но поради пандемијата на коронавирусот беше преместено во Лисабон односно во Порто.

Се вчитува...