Марсело Биелса – нов селектор на Уругвај!

Поранешниот тренер на Лидс и македонскиот репрезентативец Џани Алиоски, Марсело Биелса ќе биде нов селектор на Уругвај.

Како што потврдија од Уругвајската фудбалска асоцијација, 67-годишниот аргентински стратег и дефинитивно ја прифатил понудата, условите се договорени, а сега останува уште официјалното потпишување на договорот.

„Единственото нешто што недостига е потписот. Носиме некој за кого знаеме дека ќе ни остави наследство што ќе трае подолго од 90-те минути на еден натпревар“ – соопшти членот на извршниот комитет на АУФ, Хорхе Касалес.

Биелса има долгогодишно искуство како селектор и тоа на репрезентации од Јужна Америка. Од 1998 до 2004 беше предводник на својата Аргентина, со која освои златен медал на Олимписките игри во Атина, па потоа ја напушти од лични причини. Од 2007 до 2011 го водеше Чиле, а Уругвај ќе му биде трета селекција од јужноамериканскиот континент.

Се вчитува...