Тотенхем најверојатно нема да го откупи договорот на Дејан Кулушевски, и по завршувањето на сезоната ќе го врати на Јувентус, објавуваат англиските медиуми.
„Спарс“ има опција да го откупи договорот за 35 милиони евра, но веројатно тоа нема да се случи, пренесува „Кориере дело спорт“. Кулушевски беше донесен во Тотенхем под водство на Конте и Паратичи, а по разделбата со Конте игра се помалку, и покрај тоа што имаше одличен почеток во дресот на овој тим кога дојде.
Токму добриот почеток на несудениот Македонец би можеле да го сменат мислењето на раководството на Спарси, а многу работи ќе зависат и од новиот тренер кој треба да пристигне на кормилото на тимот.
Кулушевски одигра 54 натпревари за Тотенхем и постигна седум гола и запиша 15 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА