Ивановски во полуфиналето на турнирот во Србија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски, се пласираше во полуфиналето на фјучурс турнирот во Куршумлиска банка во Србија.

Во четвртфиналето, Ивановски беше подобар од Хади Хабиб од Либан во сетови 2-0. Калин имаше тешка борба во првиот сет, кој го доби со тај-брејк, додека нешто полесна задача имаше во вториот кој го доби со 7-5.

Во полуфиналето Ивановски го чека подобриот од дуелот Крету (Романија) и Овчаренко (Украина).

Во 13. часот Ивановски во пар со Овчаренко го игра полуфиналето во двојки против Лајал – Лок.

Се вчитува...