Валверде: Да бидеме искрени, Лига на шампиони е натпреварување на Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде изјави дека би сакал уште еднаш да ја освои Лигата на шампионите со Реал, пренесува шпанскиот „АС“.

Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа со Манчестер Сити 1-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите во Мадрид, а уругвајскиот репрезентативец вели дека ова е натпреварување на „кралскиот клуб“.

„Играњето во Лигата на шампионите е посебно бидејќи тоа е натпреварување на Реал Мадрид. Секојо меч таму е различен од кој било друг натпревар. Тоа е друга енергија, се изгледа како сон. Тоа е натпреварување за кое сонува секој фудбалер кој е во некој европски клуб. И секако за навивачите нема ништо подобро од тоа да го видите вашиот тим како го освојува ова натпреварување затоа што тоа е најважно на клупско ниво. Да бидеме искрени: Лигата на шампионите е натпреварување на Реал Мадрид“, изјави Валверде.

Се вчитува...