Ивановски во финалето во двојки на фјучрсот во Србија

Откако обезбеди пласман во полуфиналето во сингл конкуренција, најдобриот македонските тенисер Калин Ивановски се пласираше во финалето во игра на двојки на ИТФ фјучрсот во српска Куршумлијска бања.

Во полуфиналниот меч на турнирот вреден 25.000 американски долари Ивановски заедно со неговиот партнер, Украинецот, Олександр Овчаренко славеа против Марк Лајал од Естонија и Бенјамин Лок од Зимбабве со 2-1, по сетови 6-4, 2-6 и 10-6.

Во финалето тие ќе играат против руската двојка Андреј Чепелев и Микалаи Халак.

Се вчитува...