Пиоли со добри вести за Милан: Леао ќе може да игра на реваншот против Интер

Милан ќе биде значително засилен за реванш дуелот од полуфиналето во Лигата на Шампионите против Интер, откако тренерот Стефано Пиоли изјави дека очекува Рафаел Леао да биде во тимот за овој дуел.

„Росонерите“ имаат негатива од 0-2 од првиот дуел на кој Леао не настапи поради повреда, но одличниот офанзивец е многу блиску до камбек на терените.

„За жал, во меѓувреме останавме и без Бенасер, и тоа во најлош момент бидејќи пред нас се натпревари на кои мораме да одиме на победа. Леао нема да игра утре против Специја, но веќе од недела го очекуваме на тренинг со остатокот од екипата. Ако нема нови проблеми, тој ќе може да игра на реваншот против Интер. Истото се однесува и за Круниќ и за Месијас. Следните денови ќе бидат решавачки за нашата сезона, но подготвени сме. Ќе повторам – не се предаваме против Интер, знаеме дека ни е потребен перфектен меч, но знаеме и дека сме подготвени да одиграме на највисоко ниво“, прокоментира Стефано Пиоли.

Се вчитува...