Новак Ѓоковиќ се пласираше во следната рунда од турнирот во Рим откако во премиерниот меч во „вечниот град“ триумфираше со 2-0 во сетови над 61. тенисер во светот, Томас Мартин Ечеверија. Србинот дефинитивно не се наоѓа во посакуваниот ритам во оваа сезона на земјена подлога, па по неуспесите во Монте Карло (осминафинале) и во БАња Лука (пораз во четвртфиналето), Ѓоковиќ ниту во Рим не делуваше претерано импресивно.
Ечеверија целосно парираше во текот на првиот сет, што беше решен во тајбрејк. Во него, Новак се врати од 0-3 и од 3-5, за да со фуриозен финиш триумфира со 7-5 и поведе со 1-0 во сетови. Тоа беше се што му беше потребно на Ѓоковиќ, бидејќи Србинот направи брејк на самиот старт од вториот сет, потоа уште еден и лесно славеше со 6-2.
Следен противник на српскиот тенисер ќе биде добро познатиот ривал, Григор Димитров од Бугарија, кој го доби денешниот дуел со Стен Вавринка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

