Новак заплака за жртвите во Белград: Боже, дај им сила на родителите кои останаа без децата…

Новак Ѓоковиќ успешно го почна настапот на турнирот во Рим, а веднаш по победата над Ечеверија српскиот тенисер се обрати за најболната тема во Србија во изминатите денови – масакрот во училиштето во Белград во кој животот го загубија осум деца.

Новак најпрвин на камерата на која вообичаено победникот остава автограм напиша: Свети Василије Острошки… Моли се на Господ за нас… ОУ „Рибникар“.

Веднаш потоа, Ѓоковиќ во изјавата дадена на самиот терен се осврна на гоелмата трагедија.

„Немав можност да се обратам на јавноста за оваа трагедија до денеска. Најискрено сочувство на родителите. Како татко, можам само да замислам како се чувствуваат тие луѓе. Се надевам дека ќе имаат сала да го пребродат ова што се случи“, изјави Новак Ѓоковиќ, пуштајќи и солзи на теренот во Рим.

Се вчитува...