Леброн Џејмс го „сруши“ Голден стејт за финале против Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Пресметка меѓу Леброн Џејмс и Никола Јокиќ во финалето на Западната конференција во НБА лигата. ЛА Лејкерс со 4-2 во серија ги исфрлија во полуфиналето актуелните шампиони Голден стејт изборувајќи се за финале со Денвер кои претходно беа подобри од Феникс.

Во одлучувачкиот шести натпревар Лејкерс славеа со 122-101 благодарение на Леброн Џејмс кој заврши со 30 поени, а беше блиску до „трипл-дабл“ со девет скока и девет асистенции.

Покрај Леброн одличен беше и Остин Ривс со 23 поени, а Ентони Дејвис уфрли 17 поени плус со 20 скока. Кај Вориорс најдобар беше Стеф Кари со 32 поени.

Се вчитува...