Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски заедно со својот партнер Александар Овчаренко од Украина го освоија турнирот во игра на двојки на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Куршумљиска бања во Србија.
Ивановски и Овчаренко во финалето славеа против руско-белоруската комбинација Чепелев/ Халиак со пресврт во три сета.
Откако противниците го добија првиот сет со 3-6, потоа Ивановски и Овчаренко ги добија следните два сета со 7-6(5) и 10-5.
Утре, Калин Ивановски ќе игра и за титулата во поединечна конкуренција во финалето против седмиот носител Клемент Табур од Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

