Неверојатна ситуација на првиот натпревар од 36. коло во Премиерлигата меѓу Лидс и Њукасл.
Во самиот финиш од натпреварот, во судиското продолжение на мечот на терен, слободно непречен од никого, си дојде навивач на Лидс кој дојде до тренерот на гостите од Њукасл и почна вербално да го напаѓа а потоа и физички да се обидува да дојде до судир.
Натпреварот меѓу Лидс и Њукасл заврши без победник (2-2) главно на штета на двата тима кои се борат, едните за опстанок а другите за место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

