Баерн му одржа лекција на Шалке, Унион Берлин ја доби битката за ЛШ

Баерн Минхен направи уште еден чекор напред кон титулата во Бундес-лигата откако баварскиот гигант славеше со убедливи 6-0 над Шалке. За разлика од последните две средби на кои отпорот на противниците беше кршен во второто полувреме, овојпат избраниците на Томас Тухел сите дилеми ги разрешија во првите триесетина минути, поведувајќи со 2-0 со головите на Милер и на Кимих од пенал. Баерн не застана, продолжи да доминира и да создава шанси, успевајќи да постигне нови погодоци преку Гнабри (два) и младиот Тел, пред конечните 6-0 во судиското продолжение да ги постави Ал Мазрауи.

Унион Берлин славеше со 4-2 на домашен терен против Фрајбург, меч што е од исклучителна важност во борбата за четвртото место кое води во ЛШ. Двата тима влегоа во овој натпревар со идентичен број на бодови, но Унион Берлин одигра импресивно, уште во првото полувреме предводен од двојниот стрелец Бекер поведе со 3-0 и на крајот заслужено славеше со 4-2.

Ајнтрахт ја прекина серијата слаби игри во Бундес-лигата славејќи со 3-0 над Мајнц, благодарение на погодоците на Камада, Бута и Коло Муани.

Бохум славеше со 3-2 над Аугсбург, резултат со кој домаќините го прескокнаа Шалке и моментно се наоѓаат на 15. место на табелата, со еден бод предност во однос на тимот од Гелзенкирхен.

 

Резултати Германија:

Ајнтрахт – Мајнц 3-0, Волфсбург – Хофенхајм 2-1, Унион Берлин – Фрајбург 4-2, Баерн М. – Шалке 6-0, Бохум – Аугсбург 3-2.

Се вчитува...