Каменица Саса се избори за директен опстанок во второлигашкото друштво откако во последното коло од Втората македонска фудбалска лига ремизираше без голови на гостувањето против Пелистер во Битола. Сосема доволно за Саса за 12. место на табелата кое носи опстанок, и покрај тоа што заврши со ист број бодови како и Тетекс, но поради меѓусебниот подобар скор со тетовци, тимот од Каменица и следната година сигурно ќе игра во Втората лига.
Тетекс, пак, триумфираше со 3-4 на гостувањето против Арсими во Врапчиште и тоа ги донесе „штофарите“ на 13. место кое носи во бараж пресметка за останување во Втората лига против еден од најдобрите третолигаши. Зад Тетекс остана Локомотива Скопје (залудно денеска победи со 2-0 против Беса), тимот кој се фузираше со Пехчево оваа сезона, но од следната сезона се сели во Третата лига, како и екипите на Слога Виница и Борец од Велес.
Како што е познато од претходно, нови прволигаши се Воска Спорт и Гостивар, а Вардар ќе игра бараж против Скопје на 21. мај од 17 часот во Кавадарци за влез во Првата лига.
Вардар денеска, со младински состав, откако тренерот Бобан Грнчаров се одлучи да ги одмара првотимците за баражот со Скопје, загуби со 3-1 на гостувањето од Кожуф во Гевгелија.
ВТОРА ЛИГА – 30. КОЛО
Пелистер – Каменица Саса 0-0
Локомотива Скопје – Беса 2-0
Арсими – Тетекс 3-4
Караорман – Гостивар 0-2
Борец – Воска Спорт 1-7
Детонит Плачковица – Слога Виница 2-1
Охрид Лихнидос – Беласица 3-0
Кожув – Вардар 3-1
КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Воска спорт 75 бода (ПРВА ЛИГА), Гостивар 73 (ПРВА ЛИГА), Вардар 63 (БАРАЖ ЗА ПРВА ЛИГА), Пелистер 58, Детонит Плачковица 50, Беса 48, Охрид 41, Арсими 40, Кожуф 36, Беласица 35, Караорман 34, Каменица Саса 31, Тетекс 31 (БАРАЖ ЗА ОПСТАНОК), Локомотива Скопје 30 (ТРЕТА ЛИГА), Слога Виница 25 (ТРЕТА ЛИГА), Борец 2 бода (ТРЕТА ЛИГА).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА