Ракометарите на Вардар дојдоа до трофејот во Купот на Македонија откако во финалето во Охрид триумфираа со против големиот ривал Еурофарм Пелистер.
Во интересна, драматична завршница, се чини пресудниот момент беше феноменалниот гол на репрезентативецот Филип Талески во 54. минута во моментите кога Еурофарм Пелистер и покрај постојаната негатива дојде до минус од само еден гол.
Кога битолските ракометари се доближија на само еден гол негатива (24-23), Талески буквално во последните секунди од нападот, од повеќе од 10 метри испрати проектил за извонреден погодок за предност од 25-23 на Вардар која потоа црвено-црните знаеја да ја одржуваат до крајот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА