Фудбалерите на Милан загубија нови значајни бодови во борбата за место во ЛШ за наредната сезона откако „росонерите“ неочекувано загубија со 2-0 на гостувањето против Специја. Оваа седмица требаше да биде најважна за тимот на Стефано Пиоли, но по поразот од Интер во првото полуфинале од ЛШ, „росонерите“ денеска повторно потфрлија, останувајќи зад ривалите во таа трка за Топ 4.
Пиоли повторно се соочи со бројни проблеми со отсуства, а играчите кои добија шанса како Дивок Ориги и овојпат не беа на висина на задачата. Многу работи можеби ќе беа поинакви доколку обидот на Брахим Дијаз завршеше во мрежата, но среќата беше на страната на Специја во второто полувреме, па овој шут заврши само во рамката од голот на домаќините.
Победникот беше решен во последните 15 минути, најпрвин Висниевски се најде на вистинското место по една мешаница и одбиена топка од дирекот и погоди за 1-0, за конечните 2-0 во 95. минута да ги постави Еспозито.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА