Карло Анчелоти одмараше осумина првотимци на натпреварот против Гетафе во Ла Лига која „кралскиот тим“ го доби со минимални 1-0. Одморот добро ќе му дојде на тимот од главниот град на Шпанија за престојниот полуфинален ренваш против Манчестер Сити во Лигата на Шампионите.
За тоа говореше италијанскиот стратег кој вели дека во Англија Реал Мадрид ќе патува во полн состав, а во конкуренција за настап ќе бидат и Менди и Милитао.
„Немавме друг начин да се подготвиме за натпреварот со Манчестер Сити. Се чувствуваме одлично по овој натспревар. Вестите се добри, Менди се враќа по долга повреда и одлично изгледаше во првото полувреме. Мислам дека против Сити сите играчи ќе бидат подготвени. Менди и Милитао се во конкуренција за тој натпревар“, вели Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

