Кошаркарите на Мега Баскет од Прилеп и тетовски Тетекс во сезоната 2023/24 ќе настапуваат во Втората кошаркарска лига откако славеа во полуфиналните натпревари од Третата лига против Маџари ГБ и Феникс Баскет.
За разлика од тетовчани кои својата задача ја завршија во два натпревари, прилепчани да битка за прволигашка кошарка во сезоната која следи се изборија со триумф од 78-69 во „мајсторката“ која беше одиграна на југот на Македонија.
До финале во првенството Мега Баскет го предводеа Крстески со 17, Стевананџија со 16, и Настески со 13 поени. Кај гостите од Скопје се истакна Тасовски со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

