Клоп: Следната сезона ќе се бориме за титула

Ливерпул имаше сезона на каква што не навикна во последните години. но и покрај големите проблеми е на добар пат да се најде во местата кои водат во Лигата на Шампионите во онаа која претстои. Изборување на топ 4 финиш нема да биде лесно, но Јирген Клоп верува дека неговиот тим може да стигне до посакуваниот успех.

Германскиот стратег вели дека неговиот тим не се предава се додека има шанси, а без разлика што и да се случи очекува „црвените“ да се борат за титула во сезоната која следи.

„Не се предаваме. Имаме уште три натпревари до крајот на сезоната и ќе се обидеме да ги победиме сите три. Не знам дали ќе биде доволно за да се пласираме во Лигата на шампионите, но на моите играчи е да го направат тоа.

Имавме одредени проблеми оваа сезона, но следната сезона сакаме да бидеме поконкурентни во борбата за титулата. Некои прогнози велат дека потребни се нешто повеќе од 25 натпревари за да се освои шампионскиот пехар и ќе се обидеме да го оствариме тоа следната сезона. Ако во тие 25 се и оние против Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Њукасл и Арсенал, тоа ќе биде само уште еден плус повеќе“, вели Клоп.

 

Се вчитува...