Еурофарм Пелистер поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра во Охрид од финалето од Купот на Македонија. Истото им припадна на скопјани со 26-25, а жалбата на битолчани е за една од последните одлуки на судиската двојка Николовски – Металари.
При предност од еден гол во последниот напад на Вардар, обидот на Филип Талески според битолскиот состав е по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време, што според правилото број осум на ИХФ претставува прекршок и за задржаното време следува седмерец и црвен картон за противникот.
Еурофарм Пелситер како пример го издвојува натпреварот помеѓу Тиквеш каде за иста ситуација истите судии досудиле правилна одлука – црвен парток и пенал.
„Иста ситуација, исти судии, различна судиска одлука.
Еурофарм Пелистер поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра во финалето од Купот на Македонија.
Жалбата е поднесена поради една од последните одлуки на судиската двојка Николовски – Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време.
Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на било каков начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот“, стои во соопштението на битолскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА