Македонскиот интернационалец Марио Илиевски се запиша во листата на стрелци за неговиот Кишварда во победата против Ујпешт од 2-0 во 31. коло од унгарското првенство.
Илиевски натпреварот го започна од клупата, а шанса доби во 55. минута пред да ја затресе мрежата во 79. минута од средбата.
За Македонецот тоа е шестти гол во унгарското првенство оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА