Шкупи и прилепска Победа единствено имаат предност по првите 45 минути во последното коло од Првата македонска фудбалска лига, кое е чисто ревијално со оглед на тоа што веќе се е добро познато во националниот шампионат.
Чаирчани водат со 0-1 против новиот шампион Струга ТЛ на гостувањето во Струга. Стрелец на голот за Шкупи е Сандеј Адетунџи во 29. минута.
Победа води со 1-0 против Тиквеш во Прилеп со голот на Ѓурковиќ во 42. минута од средбата.
Во Автокоманда, Скопје и Брегалница играат 1-1 по првите 45 минути. Брегалница поведе со голот на Ѓорѓи Ѓорѓиев во 21. минута.
Но, во 30. минута израмни младиот Бујар Хајдари.
Голови има само уште во Струмица каде Академија Пандев и Силекс играат со 2-2 на полувремето. Домашните фудбалери имаа предност од 2-0 по само шест минути игра, но потоа кратовци успеаја да израмнат со головите во 11. и во 18. минута.
ПРВА ЛИГА – 33. КОЛО
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС 2-2
Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 0-1
Ѓорѓиев 21′ – Хајдари 30′
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 0-1
Сандеј Адетунџи 29′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-0
Прилеп: ПОБЕДА – ТИКВЕШ 1-0
Ѓурковиќ 42′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА