Блам на сезоната: Потешко беше да промаши, и промаши (ВИДЕО)

Штутгарт и Баер Леверкузен ремизираа со 1-1 во 32. коло од Бундеслигата во натпревар во кој еден бод може да биде кобен по амбициите на двата клуба кои се борат на сосема спротивната страна на табелата.

А, домаќините кои се наоѓаат пред преселба во Втората лига имаат и за што да жалат бидејќи нивниот Јошуа Вагноман го одбележа натпреварот со промашувањето на сезоната. 22-годишниот Германец не успеа да реализира на метро од гол линијата, шокирајќи ја целата арена.

Неверојатното промашување може да го видите на овој линк.

Се вчитува...