Сезоната за восхит на Брајтон продолжи и во 36. коло од Премиерлигата во кое „сино-белите“ запишаа нова голема победа против топ тимовите во првенството славејќи на гостувањето кај Арсенал со 0-3 со што го доведоа лондонскиот клуб до „невозможна мисија“ во битката за титула.
До победа на „Емирати“ Брајтон го предводеа Енцисо кој стрелаше во 51. минута, Ундав во 86. минута и Еступијан кој ја затресе мрежата во 96. минута од средбата.
„Топџиите“ сега заостануваат четири бода зад Манчестер Сити, а имаат и натпревар повеќе од однос на „граѓаните“. Брајтон пак останува во игра за излез во Европа во сезоната која следи со 58 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

