Струга ТЛ – најмладиот прволигаш со шампионскиот пехар (ФОТО)

Најмладиот македонски прволигаш, во само четиригодишно свое опстојување во македонската фудбалска елита, стигна и до првиот трофеј – шампион на Македонија.

Повеќе од заслужено стружани денеска и официјално на својот терен во Струга го добија шампионскиот пехар, како мотив повеќе за се што следи за тимот во иднина.

Беспрекорната работа која ја започна Срѓан Захариевски, и дефинитивно е еден од најзаслужните за овој успех на тимот, беше заокружена под водство на Шпетим Дуро на патот до шампионската круна.

Се вчитува...