Силва: Потешко ми беше да играм во Франција отколку во Англија

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва во разговор за „Франс Фудбал“ открива дека му било потешко да игра во франциското првенство отколку во англиското.

Португалецот кој 147 пати настапуваше за Монако и воедно беше дел од генерацијата која му ја одзема титула на ПСЖ и настапуваше во полуфиналето од Лигата на Шампионите вели Лига 1 е физички потешка од Премиерлигата.

„Потешко е да играте во Франција отколку во Англија. Франција е физички потешка. Можеби е така бидејќи ние во Сити секогаш ја имаме топката повеќе од противниците. Ми беше тешко на почетокот, но се навикнав“, вели Силва.

Се вчитува...