Ќатип Османи заминува од Шкендија: Им благодарам на сите…

Ќатип Османи, тренерот кој кој ги донесе најголемите успеси на Шкеднија со завршувањето на сезоната 2022/23 најави заминување од клупата на клубот од Тетово.

Во изјава за клупскиот сајт Османи се заблагодари на сите во клубот, навивачите, јавноста и компанијата „Еколог“ која во текот на годините инвестираше во клубот да го доживее својот врв.

„Секогаш може подобро, но што е најважно е во моментот е дека ова беше мојот последен натпревар како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката која ја имав во текот на годината, започнувајќи од економите до медицинскиот персонал, стручниот штаб, раководството, јавноста до „Балистите“ и можеби најважни компанијата „Еколог“ која низ годините постојано инвестира за европски клуб“, изјави Османи.

За Османи ова беше четврт пат на клупата на Шкендија, а во минатото донесе пет трофеи во витрините на „црвено-црните“.

Се вчитува...