Тејтум ја прегази Филаделфија за место во конференциското финале

Натпреварот број седум од серијата помеѓу Бостон и Филаделфија им припадна на Селтикс кои во „ТД Гарден“ славеа со 112-88 благодарение на фантастичната трета четвртина во која направија предност од 23 поени.

До победа Селтикс ги предводеше фантастичниот Џејсон Тејтум кој реализираше 51 поен, 13 скокови и 5 асистении, а него го следеше Браун со 25 поени и 6 скокови. Харис со 19 поени и 5 скокови беше прво име кај Филаделфија.

Се вчитува...