Динамо Загреб секако не го заборава еден од своите најдобри фудбалери.
Пред почетокот на вчерашниот натпревар од последното коло во хрватскиот фудбалски шампионат против Шибеник, капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски доби специјален подарок од својот клуб.
По 100 официјални натпревари во дресот на Динамо Загреб, Стефан доби врамен дрес со бројот 100 како начин да се одбележи и неговиот допринос за „модрите“ изминативе години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА