Кошаркарскиот клуб Гран Канарија сериозно размислува да не игра во Евролигата следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.
Тимот од Канарските острови го освои Еврокупот и со тоа автоматски обезбеди учество во елитното натпреварување, но клубот размислува дали да игра во Евролигата.
Причините за такво нешто се финансиски, логистички и натпреварувачки. Последен пат Гран Канарија играше во Евролигата во сезоната 2018/2019 кога заврши со скор од 8-22, додека во АЦБ лигата не успеа да се пласира во плеј-офот и заврши само на 12. место.
Сепак, се уште нема официјална потврда од клубот, а конечниот список на учесници за следната сезона ќе биде потврден во јули.
Валенсија наводно е фаворит за пополнување на испразнетото место доколку Гран Канарија се повлече.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА