Милер го откри својот фаворит во мечот меѓу Сити и Реал

Манчестер Сити во среда навечер ќе го дочека актуелниот шампион Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите.

На првиот натпревар кој се одигра минатиот вторник на „Сантијаго Бернабеу“ беше 1-1. Свој став за овој меч даде и ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер кој рече дека го поддржува Реал Мадрид и се надева дека кралскиот клуб ќе стигне до финалето на Лигата на шампионите и на крајот ќе биде европски шампион.

„Лично јас сум повеќе за Реал. Тоа е и поради Давид Алаба. Што се однесува до фудбалот, мислам дека двете екипи се одлични и играат атрактивен и убав фудбал. Во среда ќе биде врвен натпревар и повеќе би сакал Реал да помине“, изјави Милер. 

Се вчитува...