Пласманот во финалето на турнирот во Куршумлијска Бања на најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски му донесе скок од 46 места на најновата АТП листа.
Новите бодови освоени во Србија на најдобриот Македонец му го донесоа 413. место во светот. Оваа ранг-листа официјално ќе важи од следниот понеделник, но уште од сега е актуелна на сајтот на АТП.
Промена доаѓа на самиот врв, каде што Карлос Алкараз од следната недела ќе биде предводник на светскиот тенис, без разлика како ќе го заврши настапот на мастерсот во Рим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

