Сензација во Рим: Унгарски анонимус го елиминираше Карлос Алкараз

Шпанскиот тенисер Карлоз Алкараз од понеделник ќе се врати на врвот на АТП листата, но младиот Шпанец не може да биде задоволен од својот настап на АТП мастерс 1000 турнирот во Рим.

Тој во третото коло на турнирот во италијанската престолнина доживеа шокантен пораз од унгарскиот анонимус Фабијан Марошан.

135. тенисер во светот го надигра Алкараз и го совлада со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 7-6. Марошан во осминафиналето ќе игра против хрватскиот тенисер Борна Чориќ.

Се вчитува...