Адеми му донесе триумф на Пекинг Гуоан (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми е херој за својот Пекинг Гуоан во минималниот триумф од 1-0 против Нантонг во 7. коло од новата сезона во кинеската Суперлига.

Токму Адеми беше стрелец на погодокот вреден три бода за својот тим во 23. минута на феноменален начин со удар од некои шеснаесетина метри.

Адеми беше стартер за својот тим, а беше заменет во 72. минута од натпреварот.

 

Се вчитува...