Ерлинг Халанд доминира во првата сезона во Премиерлигата. На крилја на фантастичниот норвешки голгетер и неговите 36 првенствени голови Манчестер Сити е на прагот да ја освои шампионската титула.
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола неодамна изјави дека за доминацијата на младиот напаѓач стои неговата посветеност, но и цел тим кој се грижи за него започувајќи од неговата исхрана па се до рехабилитацијата од заморот.
Откако многумина се запрашаа каква е исхраната на Халанд, тој откри дека тајниот напиток му е млекото, а сега на социјалните мрежи откри и дел од исхраната која пак ги загрози навивачите.
Станува збор за парчиња црн дроб за кои Халанд напиша „Ова е проклето добро“, но со коментарот не се сложија навивачите. Дел од коментарите се храната која ја јаде тој е како измет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

