Кошаркарите на Охрид со „Лихнида кајче веслаше“ го прославија влезот во Прва лига (ВИДЕО)

Охрид по 2019 година повторно ќе има претставник во Првата кошаркарска лига откако ГКК Охрид успеа да слави против Соколи 1933 во полуфиналната „мајсторка“. Охриѓани во разигрувањето за титула влегоа од седмото место на табелата, но успеаја да ги елиминираат фаворизираните Работнички и Соколи 1933 за место во финалето.

А, одличниот плејоф, пласманот меѓу најдобрите две екипи и загарантираното место во „елитата“ во сезонта која следи беше повод за охриѓани со песната „Лихнида кајче веслаше“ да го прослават успехот.

 

Се вчитува...