Димитри Паје одново се најде во центарот на вниманието со недоличното однесување откако на дуелот со Ленс при гужва на аут-линијата го удри помошниот тренер на Ленс, Јаник Чахузаза со шамар.
Камерата го улови недоличното однесување на Французинот и за овој потег сега може да добие драконска казна која може да му ја заврши кариерата.
Триесетишестгодишникот има договор со Олимпик Марсеј до 2024 година, но долга суспензија би можела да значи крај на кариерата и преселба во администрацијата на клубот веќе ова лето, пренесуваат француските медиуми.
— Hadrien Rivayrand 🇫🇷🇧🇷 (@HRivayrand) May 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА