Фудбалерите и фудбалерките на Барселона заедно ги прославија шампионските титули

Фудбалерите и фудбалерките на Барселона заедно ги прославија шампионските титули освоени во сезоната 2022/23. На парадата во главниот град на Каталонија качени во заеднички автобус тие ги поздрави илјадниците навивачи собрани на улиците.

Женскиот тим сезоната ја отврои со трофеј во Суперкупот, доминираше во текот на првенството и со гол разлика од 117-8 стигна до шампионската титула, а ќе има шанса да се бори и за титулата во Лигата на Шампионите против Волфсбург.

Машкиот тим пак стави крај на четиригодишниот пост во првенството по триумфот во вчерашниот натпревар против Еспањол.

Се вчитува...