Жељко Обрадовиќ ја откри причината за дебаклот против Студентски Центар

Студентски Центар приреди сензација на сезоната во АБА лигата откако славеше со 83-84 на гостувањето во Белград против Партизан за предност од 1-0 во четвртфиналната серија. Црногорскиот состав беше подобриот противник и сосема заслужено славеше во неизвесната завршница.

Тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ не го криеше разочарувањето и лутината по поразот.

„Честитки за екипата на Студентски Центар. Во најавата на натпреварот кажав дека добро ги подготвуваат натпреварите против нас. Влеговме лежерно во натпреварот и благодарение на таа лежерност загубивме. Неверојатен податок е дека во послените пет минути резултатот е 11-4 за нив. Со искуството кое го имаме ние тоа е недозволиво. Сега е 1-0 за нив и не чека натпревар таму. На нас е да го подготвиме натпреварот и да ја вратиме серијата во Белград.

Постоеше голема желба за победа кај нив. Тоа е тоа кога јас треба да одам кај моите играчи и да ги прашам дали познаваат некој од нивните кошаркари. Тоа е целата суштина. Ако го подготвевме натпреварот како што треба, да водевме сметка за се како и досега ќе беше друго. Вака ќе треба да направиме добра анализа и да видиме“, вели тренерот на Партизан.

Се вчитува...