Манчестер Јунајтед нема да може да смета на услигите на Марсел Сабицер до крајот на сезоната поради повреда на коленото, потврди англискиот премиерлигаш.
Австрискиот репрезентативец нема да може да им помогне на своите соиграчи во битаката за излез во Лигата на Шампиони следната сезона, ниту пак во финалето од ФА Купот во кое „црвените ѓаволи“ за противник ќе го имаат градскиот ривал Манчестер Сити.
Сабицер пристигна во Манчестер Јунајтед во јануари како позајмен играч од Баерн Минхем па ќе биде интересно да видиме дали англискиот гигант ќе се обиде да го откупи неговиот договор за да го задржи на „Олд Трафорд“ или пак ќе се врати назад на „Алијанц Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

