Пандев: Интер е силен, но е далеку од тој од 2010 година

Интер и Милан вечерва ќе го одиграат реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите. По првиот меч Интер има предност од 0-2 откако одигра феноменална партија на „Сан сиро“ пред седум дена.

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев за италијанските медиуми говореше за неговите очекувања од овој меч…

„Последните две ноќи пред тоа полуфинале со Барселона не спиев и после само пет минути на мечот, се беше нормално. Мислам дека Интер има доста искусни играчи, физички се добри, но треба да го заборават првиот меч. Мислам дека можат до финале. Интер е силен, но не се споредува овој со тој во 2010 година. Тогаш Ето можеше сам да ви донесе победа. Симоне е променет, минавме пет години во Лацио, тој знае како е да се пати, имаше потешкотии, но со финалето мислам дека ќе направи извонредна работа. На крај се надевам и дека ќе ја освои европската титула, Интер такво нешто заслужува“, вели Пандев.

Натпреварот меѓу Интер и Милан кој ќе се игра на „Џузепе Меаца“ е закажан за вечерва од 21 часот.

Се вчитува...