Ѓоковиќ: Не сум пријател со Рафа и Роџер, но…

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Рим каде што денеска во осминафиналето ќе се сретне со Британецот, Камерон Нори.

Како еден од најдобрите светски тенисери на сите времиња, Ноле привлекува големо внимание кај медиумите со кои целосно отворено зборува на сите теми. Една од оние што најмногу ги интересира љубителите на „белиот спорт“ е односот со Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Како што вели Ѓоковиќ, кога е во прашање пријателството со Рафа и Роџер, вели дека таков однос е невозможен со ривалите.

„Никогаш не бевме пријатели, тоа не е можно меѓу ривалите, но никогаш не бевме ниту непријатели. Отсекогаш го почитував Федерер, тој е еден од најголемите на сите времиња, имаше неверојатно влијание, но никогаш не бевме блиски. Рафа е само една година постар од мене, двајцата сме близнаци во хороскоп, а на почетокот дури два пати излеговме на вечера. Но, дури и со него пријателството е невозможно. Отсекогаш сум го почитувал и многу му се восхитував. Благодарение на Федерер и него станав тоа што сум“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...