Инзаги: На чекор сме од заокружување на една одлична сезона

Интер и Милан вечерва ќе го одиграат реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите. По првиот меч Интер има предност од 0-2 откако одигра феноменална партија на „Сан сиро“ пред седум дена.

Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги пред дуелот со големиот ривал вели дека им фали уште еден чекор за заокружување на една одлична сезона.

„Утре е еден од најважните натпревари во историјата на клубот. Знаеме дека имаме добра предност, но нема да калкулираме и да го чуваме резултатот, ќе играме за да бидеме подобри на теренот, имаме квалитетен тим. Имаше одредено разочарување по ждрепката во август, немавме среќа, но во исто време на мојот персонал и на играчите им кажав дека и Баерн и Барса немале среќа што не добиле нас од третиот шешир. Стигнавме далеку и сега ни фали само уште еден важен чекор“, изјави Инзаги. 

Натпреварот меѓу Интер и Милан кој ќе се игра на „Џузепе Меаца“ е закажан за вечерва од 21 часот.

Се вчитува...