Рој Хоџсон пред неколку месеци му се врати на фудбалот по краткото пензионирање, откако на 75-годишна возраст реши да ја прифати понудата на Кристал Палас за соработка до крајот на сезонава. Тој ги исполни зацртаните цели и со серија одлични резултати го спаси лондонскиот клуб од испаѓање по серијата катастрофални резултати под водство на Патрик Виеира, што беше причина управата да му понуди продолжување на соработката.
Како што јавуваат британските медиуми, Хоџсон начелно ги прифатил понудените услови и во наредните денови ќе потпише нов едногодишен договор со Кристал Палас. Тој веќе има 75 години, но заеднички став на Хоџсон и на управата на клубот е дека со резултатите во последните месеци покажал дека се уште може да води клуб на највисоко ниво, па откако ќе се договорат и последните ситници околу новиот договор, и официјално ќе следи потпис.
Задачата во новата сезона ќе му биде значително отежната поради заминувањето на најдобриот фудбалер Вилфрид Заха, кому летово му истекува договорот и како слободен играч ќе си замине од „Селхарст парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

